Zanussi ZM21M1 Bedienungsanleitung Seite 61

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 116
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 60
MKEMM21000
- 61 -
Важни информации за безбедноста.
ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО И ЧУВАЈТЕ ЗА ВО ИДНИНА
Вградените безбедносни прекинувачи на бравата
спречуваат микробрановата печка да работи кога
вратата е отворена.
Не чепкајте ги и не обидувајте се да ја пуштате
печката да работи со отворена врата бидејќи така
може да се изложите на микробранова енергија.
Не дозволувајте истурена храна или остатоци
од средства за чистење да се насоберат на
површините за заптивање на вратата. Видете во
делот Чистење и одржување за начинот на чистење
Особено е важно вратата на печката да се затвора
правилно и да нема оштетувања на: (1) вратата (да
не е искривена), (2) шарките и резињата (да не се
скршени или несигурни), (3) заптивките на вратата и
површината за заптивање
Ако се оштетени вратата, шарките/резињата
или заптивките на вратата, со микробрановата
печка не смее да се работи додека не ја поправи
овластен сервисер.
Опасно е за секого, освен за фабрички
обучените сервисери, да ја поправа или да ја
прилагодува печката. Јавете се на најблискиот
овластен сервис, ако е потребна поправка.
Никогаш не вадете ги надворешното куќиште,
вратата или контролната табла. Така може да се
изложите на крајно висок напон.
Наместете ја или ставете ја печката само во
согласност со „Упатства за монтирање“ во овој
прирачник.
Користете го апаратот само за неговата намена,
како што е опишано во овој прирачник. Не користете
нагризувачки хемикалии во апаратот. Овој вид
печка е специјално конструиран за загревање,
готвење или одмрзнување храна. Не е конструиран
за индустриска или лабораториска, ниту за
комерцијална употреба - со тоа се обезважува
гаранцијата.
Не пуштајте ја печката да работи празна. Ако
нема храна или вода да ја впијат микробрановата
енергија, магнетронската цевка може да се оштети.
Не чувајте го апаратот надвор. Не користете го
близу до вода.
Не обидувајте се да сушите алишта или весници во
микробрановата печка. Тие може да се запалат.
Не користете ја внатрешноста за чување предмети.
Не оставајте хартија, прибор за готвење или храна
во внатрешноста кога печката не се употребува.
Температурата на достапните површини може да е
висока кога работи апаратот.
Ако забележите чад, исклучете го апаратот
или откачете го од струја и оставете ја вратата
затворена за да се задуши евентуалниот пламен.
Никогаш не гасете со вода.
Дозволувајте им на децата и на немоќните
лица да ја користат микробрановата печка без
надзор само ако се упатени да ја користат на
безбеден начин и ако ги разбираат опасностите
од непрописно користење.
Безбедност на приборот
Користете само прибор што е погоден за употреба
во микробранова печка.
Повеќето стаклени, стакло-керамички и огноотпорни
стаклени садови се одлични за употреба во
микробранова печка. Иако микробрановата енергија
нема да ги загрее повеќето стаклени и керамички
предмети, овие садови може да се вжештат бидејќи
се пренесува топлина од храната. Се препорачува
користење ракавици за вадење на садовите.
Тестирање на погодноста на
садовите за готвење
Приборот мора да се провери, дали е погоден за
употреба во микробранова печка.
Ставете го садот за готвење во микробрановата
печка заедно со половина чаша вода. Вклучете
(800W) (100%) на една минута. Ако садот за готвење
е жежок, не треба да го користите. Ако е само малку
топол, можете да го користите за загревање, но не и
за готвење. Ако садот е на собна температура, тој е
погоден за готвење во микробранова печка.
Seitenansicht 60
1 2 ... 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 ... 115 116

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare