MKEMM21000
- 63 -
1. Избегнувајте користење садови со прави
ѕидови и тесни грла.
2. Не прегревајте.
3. Промешајте ја течноста пред да го ставите
садот во печката и повторно околу половина
време за загревање.
4. По загревањето, оставете ја да стои во печката
кусо време, промешувајќи ја повторно пред да
го извадите садот внимателно.
• Некои производи, како цели јајца и
херметички затворени садови - на пр.
затворени стаклени тегли - може да
експлодираат и не смеат да се загреваат
во оваа печка. Повремено може да се
случи јајца што се варат без лушпа да
експлодираат во текот на готвењето.
Секогаш прободете ја жолчката, потоа
покријте и оставете една минута пред да го
тргнете покривалото.
• Сосема е нормално од околу вратата да
излегува пареа, вратата да се замагли, дури и
да се појават капки вода под вратата за време
на готвењето. Тоа е обична кондензација
од топлината на храната и не влијае врз
безбедноста на печката. Вратата не е наменета
да ја затвора печката херметички.
• Не вртете ја тацната со сила. Така може да се
предизвика неправилна работа.
• Метални предмети во печката предизвикуваат
искрењето за време на работата на
микробрановите. Подолготрајно искрење може
да го оштети апаратот. Сопрете ја програмата и
проверете го садот.
• Треба да се внимава да не се попречат
отворите за проветрување што се наоѓаат
одозгора, одзади, отстрана и одоздола на
печката.
• Не користете ја оваа печка за комерцијална
употреба. Таа е направена само за домашна
употреба.
Kommentare zu diesen Handbüchern