Zanussi ZM21M1 Bedienungsanleitung Seite 71

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 116
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 70
MKEMM21000
- 71 -
Нега и чистење
Печката мора секогаш да биде чиста. Остатоците од истурената храна или прсканиците ја привлекуваат
микробрановата енергија којашто ги запекува. Тоа може да ја намали ефикасноста на печката и да
предизвика лоша миризба. Не обидувајте се неовластено да ја менувате печката или да изведувате
прилагодувања или поправки на кој било нејзин дел. Секоја поправка смее да ја врши само
специјализиран техничар.
Пред да ја чистите, проверете дали печката е исклучена од напојувањето со струја.
Чистење на приборот (тацната и држачот)
Чистете ги со благ детергент откако ќе ги извадите од печката. Грижливо однесувајте се со држачот за
тацната.
ВНИМАНИЕ: Внатрешноста на печката и на тацната стануваат многу жешки, така што не треба да ги
допирате веднаш по користењето.
Чистење на внатрешноста
Чистење на надворешноста
Отворете ја вратата на печката кога ја чистите контролната табла. Така ќе спречите несакано
вклучување на печката. Надворешните површини на печката треба да ги чистите со течен детергент и
вода, а потоа да избришете со чиста вода за да го отстраните вишокот детергент. Исушете со мека крпа.
Можат да се користат и спреови за прозорци или повеќенаменски спреови за кујна. Никогаш не
користете абразивни средства, жица или нагризувачки хемикалии на надворешните површини на
печката. За да спречите оштетување на погонските делови не дозволувајте во отворите за вентилација
да навлезе вода.
Внатрешноста на печката треба секогаш да биде чиста. Веднаш избришете ги истуреното и испрсканото.
Ако ги оставате нечистотиите на ѕидовите од печката, на дихтунгот и на површината од вратата, тие
ќе трошат микробранова енергија, ќе ја намалат ефикасноста на печката и евентуално ќе ја оштетат
нејзината внатрешност. Исчистете ги нечистотиите со благ, течен детергент, топла вода и мека, чиста
крпа.
НИКОГАШ НЕ КОРИСТЕТЕ АБРАЗИВНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ, КОМЕРЦИЈАЛНИ СРЕДСТВА ЗА
ЧИСТЕЊЕ ПЕЧКИ ИЛИ ЧЕЛИЧНА ЖИЦА НА КОЈ БИЛО ДЕЛ ОД МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА.
За да ги ослободите тврдокорните нечистотии, во печката зовријте чаша вода во траење од 2 или 3
минути.
НИКОГАШ НЕ КОРИСТЕТЕ НОЖ ИЛИ КАКОВ БИЛО ПРЕДМЕТ ЗА ДА ГИ ОТСТРАНИТЕ
НЕЧИСТОТИИТЕ ОД ПОВРШИНИТЕ НА ПЕЧКАТА.
За да ги отстраните миризбите од внатрешноста на печката, во печката 2 или 5 минути зовријте чаша
вода со 2 големи лажици лимон.
Seitenansicht 70
1 2 ... 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75 76 ... 115 116

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare